| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателски избори во Германија

Frank-Walter Steinmeier

Германија денеска ќе добие нов претседател, кој се избира во Парламентот, а според договорот на најголемите партии, тоа ќе биде Франк­ Валтер Штајнмајер.

Сојузниот уставен суд во 2014 година потврди дека претседателот на Германија ја претставува земјата при посетите во странство. а на внатрешен план го симболизира единството на земјата. Неговата функција и задачи се значително редуцирани поради искуството од нацистичка Германија. Претседателот се залага за човековите права, промовира владеење на правото и демократски дијалог. Негови основни теми исто така се обезбедување на мир. борба против тероризмот, европско единство и заштита на климата и природната средина. Шефот на германската држава го предложува канцеларот, именува и разрешува министри, како и сојузни судии, високи државни функционети и воени лица

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top