| четврток, 6 декември 2018 |

Папа Франциск: Мафијаши прифатете го Господ

Папата Франциск му оддаде почест на свештеникот што во 1993 година бил убиен од сицилијанската мафија и апелирал до криминалците да престанат да ги искористуваат луѓето и да се свртат кон Бога.

Франциск оваа порака ја упатил особено на криминалците кои се занимаваат со трговија со луѓе и со проституција. Тој во говорот на плоштадот „Свети Петар“ рекол дека мафијата го убила свештеникот Џузепе Пуљиси затоа што се залагал да спречи регрутирање млади во мафијата.

– Тој ги образуваше младите во склад со евангелието и ги водеше подалеку од организираниот криминал, а мафијата се обиде да го порази со тоа што го уби. Да се помолиме за тие мафијаши да го прифатат Бога – рекол папата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top