| четврток, 6 декември 2018 |

Нов скандал во Ватикан: Полицијата прекинала сексуални оргии, советникот на Папата предозиран

Уште еден скандал го тресе Ватикан овие денови, откако ватиканската полиција упаднала на хомосексуална оргија во стан што припаѓа на Одделението чија одговорноста е да се справи со педофилијата и сексуалната злоупотреба.

Прво, италијанските весници објавија дека полицијата го затекнала предозиран еден од станарите на објектот, инаку еден од главните советници на папата Франциск. Франческо Кочопалмериа бип предложен за унапредување, но овој инцидент и претходните два настани кога се предозирал двапати, ќе му наштетат.

Овој скандал доаѓа по овинувањата за високиот преставник во Ватикан и советник на папата, Џорџ Пел, за недозволени сексуални дела. Кардиналот Пел беше назначен да ги среди финансиите на Светата Столица, откако папата најави голем број на реформи кои ги налутија конзервативците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top