| четврток, 6 декември 2018 |

Барса до врв му ја наполнми мрежата на Алавес

Феноменална партија на Барселона во 22. коло од шпанската Примера славејќи на гости кај Алавес со убедливи 0-6. Победата на Каталонците ја најави Луис Суарез во 37. минута, а потоа до полувремето беше 0-2 со голот на Нејмар во 39. минута.

Во вториот дел, и Лионел Меси во 59. минута се запиша во листата на стрелците, Алексис си погоди автогол во 63. минута за 0-4, а потоа убав гол во 65. минута постигна хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ за 0-5. Конечните 0-6 ги постави Луис Суарез со својот втор гол во 67. минута.

barsa-radost-615x400

Во финишот од мечот незгодна повреда на зглобот заработи десниот бек на Барселона, Видал.

По оваа победа Барселона со 48 бода изби на лидерската позиција во Примера, но и со три натпревари повеќе од Реал Мадрид кој има 45 бода. Кралевите вечерва од 20:45 часот гостуваат на Осасуна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top