| четврток, 6 декември 2018 |

Србија се крена на нозе за поддршка на Македонецот кој уби провалник во самоодбрана

 Повеќе од 12.000 луѓе во Србија за само 24 часа се потпишаа на петицијата за ослободување од притвор на Македонецот Сашко Богески, кој уби провалник во неговиот стан во Белград во обид да го заштити семејството.

Богески е во 30-дневен притвор за убиството на разбојникот Владо Маниќ, кој имал дебело криминално досие со 50 кривични дела, најмногу провали. Поради овој случај, во Србија се огласија многу политичари, а граѓаните на Белград спонтано покренаа петиција на социјални мрежи.

На „Фејсбук“ е формирана и група за поддршка на Сашко под името „Поддршка на Сашко – безбедност на куќниот живот“, во која веќе има 7.000 члена. Исто така, на социјалните мрежи се најавуваат и мирни протести низ цела Србија за да му се даде поддршка на семејството Богески, но и да се влијае врз промена на законите во оваа земја поради кои во моментот тешко се докажува убиство извршено во нужна самоодбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top