| четврток, 6 декември 2018 |

Вистината и митовите за Париз во кои сите веруваат

Париз не е тоа што сите го посакуваат, пишува „Хафингтон пост“. Навистина, многумина го сакаат, но прошетката низ градот и не е баш тоа што се замислуваат. Иако филмовите и туристичките брошури прикажуваат една слика, која, можеби, некогаш беше вистина, но денес не е баш така, додава авторката Сузи Стратнер, која набројува неколку митови за градот.

Париз е најромантичниот град во светот

Така пишуваат во книгите, но денес, повеќето анкети укажуваат дека Венеција е најромантичниот град во светот. Париз е убав, но повеќето атракции се како сите големи атракции во светот, преполни со туристи.

Храната е прекрасна

food(1)

Да, ако студени жабји батаци по високи цени се по вашиот вкус.

Посетата на Ајфеловата кула е неверојатна

 

A board (R) apologizes for the waiting a

Но пред тоа треба да чекате на оваа редица.

Ќе си направиме пикник со багети и со вино

FRANCE-HEAT-WEATHER

Проблемот е што уште 4.000 двојки ќе лежат на ливадата до вас.

Ќе појадувате тазе кроасани

croiss

Само за информација, едно мало кроасанче чини 4 евра.

Парижаните не се груби – тие ,едноставно, не зборуваат англиски

И двете.

Француузинките не се дебелеат

Не знаеме за локалните жени, но жените што ја посетуваат Франција, сигурно, ќе качат килограми бидејќи задоволства како топли кроасани, чоколадни десерти, меки багети и калорични сирења ги демнат на секој чекор.

Би било одлично да ја видите Мона Лиза

mona(3)

Ќе ја видиш оддалеку и ќе те туркаат исто како да си во градскиот транспорт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top