| четврток, 6 декември 2018 |

Пеце Наумоски сè уште е „Цар“ за тројки (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска легенда и претседател на нашата федерација, Петар Наумоски, по посетата на турската федерација и средба со својот поранешен соиграч и пријател Хидает Туркоглу, турскиот и европски кошаркарски гигант Ефес Анадолу во минатото Пилсен го повлече од употреба дресот со број 7 на својата легенда Наумоски.

Во Арената „Абди Ипекчи“ најде време нашиот прв човек на македонската кошарка да шутира за три поени од каде што и своевремено во поголем дел ги полнеше кошевите на противниците ширум Европа.

Пеце Наумоски покажа дека и на 48 години, сè уште е „Цар“ за тројки!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top