Финансискиот извештај на СДСМ за политичката кампања 2016та година покажува сериозни недостатоци и отвора сомнеж за голем криминал за кој што е потребно отворање на случај во обвинителството и кривично гонење, пишува Нетпрес.
Ваквите несоборливи докази, Нет- прес дознава дека предизвикале паника во раководството на СДСМ, и токму во текот на вчерашниот ден потврдиле за дел од медиумите блиски до нив дека очекуваат Јавното обвинтелство да започне постапка и ги истражуваа донациите на СДСМ на последните избори.
Сосема неиздржана е тезата на СДСМ дека извешетајот кој го објавува Нет прес е фалсификуван, особено што тој е превземен и е идентичен со тој кој е објавен на веб страницата на СДСМ и на Државниот завод за ревизија. Нет прес од свои извори од државниот завод за ревизија има потврда дека станува збор за веродостоен документ, и дека тој е објавен онака како што е доставен од партијата СДСМ, со веродостоен печат и потпис на одговорното лице. Ако некој правел фалсификат тоа може да се само СДСМ, што исто така е кривично дело.
Кривичниот законик на Република македонија предвидува 5 години затворска казна за вакво дело. Според членот од законот организатор на изборната кампања кој со непријавување на изворот на финансии на изборната кампања, со спречување на надзорот над трошењето на планираните средства, со користење на недозволени средства за изборната кампања, со исплати спротивни на кампањата за финансирање на кампањата или на друг начин го злоупотреби своето со закон определено овластување како организатор на кампањата, ќе се казни со затвор од најмалку пет години затвор.
Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни одговорно лице во правно лице кое нема да пријави донациии други средства за финансирање на изборна кампања. Нереалното прикажување на трошоците повлекува кривична одговорност, но во исто време ова отвора сомнеж за перење на пари, и пуштање во промет на црни пари со кои располага СДСМ за да ги покрие трошоците. Тоа пак отвора дилема од каде се тие пари и како стасуваат до СДСМ, што е работа и за јавното обвинителство.
Партијата СДСМ во изминатиот период на сториите на Нет прес одговараше со штури соопштенија преполни со политички квалификации, но без содржајни аргументи со кој ќе одговори на трите основни забелешки:
- СДСМ прикажало нереално ниска сума за реклами и пропаганда од таа што реално била потрошена. Сумата која официјално е објавена е за 40 проценти пониска од таа што е реално потрошена, а што лесно може да се провери доколку се земат потрошените минути за реклами и цената за секунда која за сите партии е еднаква. Односно тие велат дека потрошиле само 510 842 евра а реално потрошиле 815 388 евра што е за 304 546 евра повеќе.
- За трошоци за транспорт покажале нула трошоци, а самите опозициски портали и самите функционери од СДСМ се фалеа дека на големите митинзи носат полни автобуси со свои членови кои сакале да присуствуваат на партиските настани.
- За печатење што опфаќа печатење на програма и флаери исто така пријажале нула трошоци, што е невозможно бидејќи и самиот Заев на прес конференции излегуваше да презентира програма, а постојано на терен се делеа печатени флаери. Од СДСМ нема ниту одговор каде е печатена програмата, а според наши неофицијални информации таа е печатена во една соседна земја, и било плаќано во кеш, користејќи средства кои им биле во неограничена мера ставени на располагање, од страна на организација која е финансиски и политички подржувач на СДСМ.
Згора на тоа на тоа уште еден сегмент кој отвора сериозен сомнеж дека практично парите кои поединци ги донирае на сметката се црни пари на СДСМ говори и фактот што невработени лица имаат енромно високи донации.
Студентката од платеничката револуција Ивана Туфекџиќ на неколку пати донирала вкупно 118 илјади денари за СДСМ, додека Павле Богоевски донирал дури 4 пати во вкупна вредност од 184 илјади денари. Петре Шилегов кој меѓу другото се стекна плус со два стана, донирал 4 пати во вкупна вредност од 217 илјади денари, а лидерот на младите на СДСМ Стефан Богоев донирал 177 илјади денари. Меѓу финансиерите на СДСМ е и СЕМОС во вкупна вредност од половина милион денари, додава Нетпрес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.