Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави денеска дека 2017 година ќе биде клучна за Европа и порача дека евроскептичните сили ќе стануваат се посилни се додека е Европа слаба.
Ципрас додаде дека по првпат е „разнишан евро-атлантскиот однос и неговата ориентација“, пренесе грчката агенција АНА.
– Се додека Европа и натаму има слаба волја, немоќна и без сила, евроскептичните сили ќе се зацврстуваат. Нашата земја ќе сврти страница. Кризата припаѓа на минатото, порача Ципрас во воведното обраќање на дводневниот состанок на централниот комитет на Сириза
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.