| четврток, 6 декември 2018 |

Детската болница и Водно ќе останат без вода

Без вода утре од 9:00 часот ќе бидат корисниците од Втора јужна висока зона, вили Водно – резиденционален дел, улицата „Караорман“ и „Периша Савелиќ“, како и Детската болница Козле.

Како што информира ЈП Водовод и канализаација, прекинот е поради поврзување на нова мрежа Ф-400 милиметри на улицата „Тодор Александров“ бб до резервоар Барутана 1, а ќе трае до санирање на дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top