Не само што константо покажува елементарно непознавање на македонските закони, новопечениот пратеник, кој своето столче си го заработи преку платената Шарена револуција, сегаоткрива и дека е длабоко поделена личност.
Павле Богоевски на својот профил на „Фејсбук“ во еден ист статус прво изразува загриженост за тоа што ДУИ губи политички поени, за потоа да им упати сериозни закани.
Ви го пренесуваме неговиот статус:
Непишаните политички правила велат дека сега е период на молчење, за да се избегне влегување во конфликт со политички структури кои се потенцијални коалициски партнери.
Затоа, нема да кажам ништо, само ќе поставам неколку прашања:
1.Знае ли али ахмети дека со секој ден на мудрување, тој своерачно ја пролонгира кризата во која сите сме премногу долго?
2. Знае ли али ахмети дека нема политичка калкулација која ќе резултира со заштита на членовите на дуи од евентуален прогон од СЈО?
3. Знае ли ахмети дека со секоја изгубена секунда, тој губи и гласови?
4. Знае ли ахмети дека граѓаните гласаа за политчарите конечно да се фатат за работа и да почнат да ги решаваат реалните проблеми на граѓаните, а не да седат дома и да чекаат да видат на која страна дува ветрот во Мала Речица?
5. Знае ли ахмети дека единствената причина зошто тој сега е во центарот на вниманието е дека на Македонија и’ се ужасно потребни пратениците од ДУИ, а не дека некој верува во неговите демократски капацитети? И дека ова е период кога ТОЈ треба да моли за нова шанса, а не ние него за помош?
Доволно време изгубивме. Секој нареден чекор (вклучително и чекањето) ќе има големи последици по нашата држава. Ниту ахмети, ниту дуи, ниту кој било друг од нас не може да побегне од одговорноста која ќе следи – морална, политичка, но и кривична.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ахмети: Денко Малески е прифатлив консензуален кандидат за претседател
-
Ахмети: Парламентот ќе реши, нема потреба од парламентарни избори
-
Ахмети: Од утре очекувам сите да работиме за приближување до ЕУ и НАТО
-
Нетпрес: Закани кон асистент на претседателот на ДИК, „Главата на мајка ти може да летне далеку“