| четврток, 6 декември 2018 |

Влада со поддршка од 63-64 пратеници ќе биде нефункционална, мора да се оди на нови избори

Социјалдемократите се познати како лоши владетели, смета лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски. На гостувањето во политичката емисија „Ѕид“ на ТВ Алфа, анализирајќи ја политичката ситуација по изборите во Македонија, тој вели дека е парадксално да се очекува вод оние кои се нудат како алтернатива на оваа власт да се очекува да формираат стабилна и просперитетна влада.

-Да бидам искрен, кога гледам какви изјави даваат некои луѓе кои и се залагат за продолжување на работата на СЈО, а ги знаме дека дете од мајка би украле, навистина доаѓаме до парадокс за тоа каква влада би се формирала во Република Македонија и кој би требало да биде алтернатива на актуелната политичка гарнитура, вели Јакимовски и додава дека влада со поддршка од 63-64 пратеници ќе биде нефункционална влада.

– Да објасниме попластично. Формирате влада која има поддршка од 63-64 евентуално 68 пратеници. Не знам дали граѓаните знаат дека тие пратеници имаат обврска во Европскиот парламент, во Европски совет, меѓупарламентарни посети со други пратенички групи од други земји итн. Значи Парламентот освен во земјата има и обврска надвор од земјата, комисии итн. Секогаш кога опозицијата ќе види дека нема 61 пратеник, таа го напушта Парламентот. Второ, има битни законски решенија од остварувањето на Агендата од Прибе,од  евроатланските интеграции, значи има двотретински закони кои се битни за граѓаните на Република Македонија, појаснува Јакимовски.

Јакимовски дополнително рече дека ваквата ситуација не е возможна и дека мора да се оди на нови избори.

Во ваква тензија и ваква политичка поделеност нема шанса да се постигне договор со опозицијата. Оној што сакаше да ѝ помогне на Република Македонија мораше да создаде услови да имаме мирен постизборен период за да може сите овие работи да тераат, да функционираат, да функционира и влада и Парламент и итн. И повеќе од очигледно дека ова ситуација ниту може ниту ќе издржи долго време и дека ние ќе мораме да одиме на нови избори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top