Вечерва во рамките од 24. коло во најсилната италијанска фудбалска лига…
На стадионот „Сан Паоло“ во Неапол составот на Наполи со резултат 2:0 ја совлада Џенова..
Немаше погодоци во првото полувреме, но затоа во второто „наполитанците“ ги обезбедија трите бодови преку Зиелински и Џакерини.
Македонскиот интернационалец Горан Пандев остана на клупата за резервни играчи во гостинскиот состав, не доби шанса од тренерот Јуриќ да игра против својот поранешен клуб.
Џенова веќе осми меч по ред не знае за триумф во првенството, вкупно девет ако го вклучиме поразот од Лацио во Купот.
Можеби и понатаму е далеку од испаѓање, но дефинитивно тимот на Џенова е во резултатска криза од средината на табелата падна дури на 16. позиција со 25 бодови, пред Емполи кој има 22, а Палермо на нашите Трајковски и Несторовски кои се во опасната зона и борат за опстанок се на 18. место (14 бодови).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)