| четврток, 6 декември 2018 |

Кардозо не го издржа третиот дебакл на Бенфика, па го нападна тренерот Жезус (видео)

Оскар Кардозо не го издржа третиот неверојатен дебакл на Бенфика, сезонава, па по поразот во националниот куп на Португалија го нападна тренерот Жорге Жезус. Напаѓачот на „орлите“ од Лисабон сакаше да се пресмета со противничките играчи по поразот од Виторија Гимареш, во финалето, а откако го спречија му се сврте на својот тренер Жезус и го нападна. Инцидент не дозволија останатите фудбалери на Бенфика. Гигантот од Португалија на неверојатен начин со голови во финишот на средбите загуби три вредни трофеи сезонава. Порто им го „украде“ првенството со погодок во 94. минута, Челси ги остави без европски трофеј во финалето на  Лигата на Ервопа, со гол во 90. минута, а капак на сѐ беше поразот од Виторија Гимареш вчера. Аутсајдерот го освои купот со два брзи погодоци во 80. и 82. минута за пресврт и голем успех. И звучи неверојатно, но е вистинито, дека Бенфика во сите три натпревари е поразена со ист резултат, 1-2.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top