И оваа недела се фокусираме на тапетите. Зимата озминува, па време е да се размилсува за прилетно разигрување на просторот. Ако немате потреба од бескрајни ѕидни боенки, просторот можете да го разубавите со мермерни тапети. Засега сте на сигурно мермерот, како и тапетите, е улстрапопуларен, а тоа нема наскоро да се смени. Доколку сакате да го следите овој нов „мермерен“ тренд, тогаш ви предлагаме да ги освежите ѕидовите од вашата спална соба, дневна, бања, кујна со токму вакви мермерни тапети.
1. Класичните тапети со сиво-бели тонови на вашата спална соба ќе ѝ дадат доза на отменост, а одлично ќе се сложуваат со мебелот во црна, бела или сива боја. Доколку сакате просторот кој ве опкружува да биде малку подинамичен, тогаш изберете детали во некои впечатливи бои.
2. Доколку ги сакате пастелните бои, тогаш некоја од просторите во домот можете да ја уредите со бебешко розови или сини нијанси, а мермерните тапети во тој случај одлично ќе се вклопат. Белите и метални нијанси на вашиот дом ќе обезбедат софистициран изглед.
3. Црната, белата и златната боја од вашата бања ќе направат оаза на уживање од која многу тешко ќе се разделувате!
4. Доколку вашиот дом е едноставно уреден и целокупниот ентериер е исполнет со нежни пастелни тонови, тогаш мермерните тапети се одличен детаљ со кој ќе ја „зачините“ вашата омилена просторија.
5. Нежно розовата и сивата боја одлично одат заедно, особено во ентериерот.
6. Атрактивниот спој на сина и жолта боја ќе создаде нов живот во вашиот дом. Освен тоа, мермерните тапети кои со својот дизајн потсетуваат на ѕвездено небо ќе ја направат вашата дневна соба да изгледа како едно магично место во кое секогаш ќе посакате да се одморите после напорниот ден на работното место.
7. Едноставно – совршено! Нежните тонови и минималистичкиот дизајн секој дом може да го направат да одговара за девојка. И да, фотографијата од Париз како еден од водечките модни центри мора да зазема посебно место ва вашиот стилски дом!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.