| четврток, 6 декември 2018 |

Ги испразнија комбињата пред публика: Детали за вооружениот грабеж во Тирана (ФОТО+ВИДЕО)

Шест лица се уапсени за поврзаност со филмскиот грабеж кој се случи непосредно пред меѓународниот аеродром во Тирана. Полицијата го уапси техничкиот директор на приватна агенција за обезбедување, Фатмир Гапи, а истовремено на компанијата ѝ е одземена дозволата за работа. Уапсени се и петте вработени во компанијата за обезбедување кои ги пренесувале парите: 43-годишниот Џалил Метај, 31-годишниот Гентиан Дедја, 39 годишниот Перпарим Љогу, 31-годишниот возач на компанијата Ендрит Дачи и 42-годишниот возач Дашамир Бала. Во грабежот учествувале најмалку пет маскирани и вооружени лица.

Грабежот се случи околу 13:24 часот на 9 февруари 2017 кога непознати лица со две возила удриле во возилото со кое биле пренесувани парите а потоа со огнено оружје беше пукано кон возилото. Крадците насилно ги искршиле прозорците на комбито, го неутрализирале обезбедвањето и украле 7-8 вреќи со пари. Полицијата на Тирана изјави дека безбедносните камери на возилата не беа вклучени а ГПС системот, исто така, не беше поставен во вреќите со пари.

„Беше утврдено дека безбедносните камери на возилата прилагодени како блиндирани беа исклучени а ГПС сиситемот не се наоѓаше во вреќите со пари, но во една кеса која беше пронајдена под седиштето на возачот“, се вели во официјалното соопштение на полицијата Тирана.

На местото на настанот како доказен материјал биле пронајдени и запленети 13 чаури, модел 64 и модел 56, 2 возила на приватнате агенција за обезбедување, 2 целосно изгорени возила, наводно, користени од страна на крадците. Целата филмска сцена се одвивала пред очите на неколку патници кои застанале на неколку метри од местото на настанот и го снимале целиот процел, а крадците без око да им трепне ја извршија кражбата и замина од местото на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top