Пресметката меѓу Работнички и Куманово ќе привлече најголемо внимание од четирите четвртфинални пресметки што ќе се одиграат на завршниот турнир од Купот на Македонија што наредниот викенд ќе се одржи во Кавадарци. Кумановци важеа за најнезгоден ривал од вториот шешир, а актуелниот вицешампион за место во полуфиналето ќе се бори со составот на Работнички, против кого има скор од една победа и еден пораз сезонава.
МЗТ Скопје ќе ги одмери силите со Кожув, во реприза од ланското полуфинале во Гевгелија, додека домаќинот Фени индустри не би требало да има тешка задача во дуелот против АВ Охрид. Во последната четвртфинална пресметка Карпош соколи, кој лани во Гевгелија стигна до финалето, е голем фаворит во пресметката со Вардар.
На организираната лицитација од страна на Македонската кошаркарска федерација како организатор на купот се пријави компанијата „Лимак“, која потоа донесе одлука завршниот турнир да се одржи во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.