| четврток, 6 декември 2018 |

Тетекс го освои купот по подобро изведување на пеналите

По вторпат во клупската историја Тетекс е освојувач на националниот фудбалски куп, а херој кај текстилците беше голманот Манчевски во повторениот дуел со Шкендија. Тој го одбрани ударот на Бериша во седмата серија и е најзаслужен за успехот на тимот од Тетово.

Во регуларниот дел од натпреварот немаше победник, а исходот по 90 минути беше 1-1. Прв погоди Музафер Ејупи во 17. минута по одличната асистенција на Положани. Шкендија поведе, но и рано остана со играч помалку по исклучувањето на голманот Велии. Тој стартуваше недозволено надвор од шеснаесетникот, играше со рака и доби црвен картон. Играчката предност на теренот, Тетекс ја материјализираше во 69. минута. Младиот Мицевски извонредно погоди за 1-1 од околу 18 метри. До крајот немаше голови, резултатот 1-1, остана и по продолженијата од 2 по 15 минути, па пеналите одлучуваа. Во првите пет серии, на двете страни имаше само по една утка, а седмата серија го одлучи победникот.

teteks-kup09

Најпрво Исени погоди за Тетекс, а потоа Манчевски го одбрани ударот на Бериша, за големо славје на Тетекс. Тие по вторпат се радуваат на пехарот во купот, а си обезбедија и настап во квалификациите за Лига Европа на УЕФА. Шкендија повторно остана без трофејот што им недостасува во колекцијата.

teteks-kup12

Мечот, вечерва се играше без публика, откако во средата беше прекинат поради инциденти на трибините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top