| четврток, 6 декември 2018 |

Наумоски: Успехот е на сите, благодарам Ефес!

petar naumoski

Турскиот кошаркраски гигант Анадолу Ефес реши да го повлече дресот со број седум во чест на Петар Наумоски, македонската кошаркарска легенда и сегашен прв човек на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Ова е големо признание за првиот човек на мак-баскетот, кој не го криеше задоволството по доделувањето на наградата и заминувањето на „седумката“ во историјата.

– Се чувствувам навистина прекрасно, не можам да опишам. Успехот не е само мој, туку е на целиот Ефес, сите мои соиграчи. Благодарност до претседателот Тунчај Езилхан, како и тренерот Ајзин Ерс и вам, кошаркарски фанови. Навистина сум горд што добивам вакво нешто. Ви благодарам, уште еднаш и ви посакувам сѐ најдобро и многу победи на Ефес до крајот на сезоната, па и понатаму – изјави Наумоски.

Наумоски, кој е прогласен за кошаркар на векот во Македонија, два пати во кариерата го носеше дресот на Ефес. Прво, тој беше дел од турскиот гигант од 1992 до 1994 година, а потоа, во тимот се врати во 1995 и настапуваше до 1999 година.

Вкупно, Наумоски има 13 трофеи со Ефес – По четири во турското првенство, Купот на Турција и Пресидент купот. Исто така, има и трофеј во Купот на куп победниците, како и финале во Купот на Радивоје Корач против Арис.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top