Во 48. коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во саботата на 17. јуни 2017, „паднала“ седумка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари, информираат од Државна лотарија на Македонија.
Уплатата е реализирана во Куманово во „Кеопс“. Уплатени се четири комбинации од по 20 денари и еден Џокер број од 20 денари со што вкупната уплата на играчот изнесува 100 денари. Добитна била третата комбинација, а среќните броеви кои на играчот му носат 100.000 евра се: 6, 10, 15, 20, 25, 30 и 34.
Уплатата е реализирана на 16. јуни, еден ден пред извлекувањето. Ова е 16. седумка од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.
„Кеопс“ во Куманово вторпат во историјата на оваа игра на среќа е уплатно место на постигната седумка и ова е прв пат што се повторува седумка во исто среќно место. До сега градови во кои е постигната седумка се: Скопје со вкупно осум постигнати седумки, Битола со четири постигнати седумки, Куманово со две седумки, Свети Николе и Тетово со по една постигната седумка.
Највредната седумка до сега носеше 27.503.930,00, со броеви уплатени во киоск на „Југодрво“ во Скопје, минатата, 2016 година.
Оваа 16та седумка е втора по ред во оваа година, а година со најголем број седумки е 2015та кога се постигнати дури четири 7ки. Се надеваме дека до крајот на оваа година ќе успееме со нашите лото играчи да го надминеме бројот на до сега рекордната 2015та, по број на постигнати 7ки.
Фондот за 7ка за наредното коло изнесува 6.000.000,00 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер ќе надмине 1.000.000,00 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.