Од 540 члена на Друштвото на писателите на Македонија, триесет писатели се членови на асоцијацијата по повеќе од половина век.
Станува збор за автори кои во изминатите децении оставија силен печат во развојните процеси на македонската литература и литературата на националностите, во областа на романот, расказот, поезијата, драмата, критиката, есеистиката, книжевната наука и литературата за деца. Тоа се писателите: Матеја Матевски, Цане Андреевски, Методија Фотев, Милан Ѓурчинов, Илхами Емин, Благоја Иванов, Влада Урошевиќ, Јован Павловски, Георги Сталев, Оливера Николова, Радован Павловски, Душко Родев, Георги Старделов, Божин Павловски, Михаил Ренџов, Јован Стрезовски, Видое Видически, Фахри Каја, Миле Неделкоски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Владимир Костов, Луан Старова, Ристо Јачев, Иван Ивановски, Нусред Дишо, Трајан Петровски, Стојан Тарапуза, Иван Чаповски, Александар Поповски и Милан Терзовски.
Во рамките на одбележувањето на јубилејот 70 години од формирањето на ДПМ, на посебна манифестација ќе биде изложен избор од десетиците книги на овие писателите, чиишто естетски дострели претставуваат константа на богатиот и буен развој на современата македонска литература.
Свечениот собир по повод одбележувањето на 70-годишнината од формирањето на ДПМ ќе се одржи на 16 февруари во 12 часот во Домот на македонските писатели. На свеченоста ќе бидат врачени наградите „Ацо Шопов“, „Стале Попов“, „Димитар Митрев“ и „Ванчо Николески“ за најуспешни книжевни дела, на добитниците Гордана Михаилова Бошнакоска, Лилјана Пандева, Кристина Николовска и Александар Поповски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија