| четврток, 6 декември 2018 |

Играчот на векот е нов селектор на Германија

andrea djani

Легендата на светската одбојка, Андреа Џани само 11 дена откако го напушти кормилото на словенечката репрезентација ја официјализираше новата работа. Одбојкарот на векот, како што го нарекуваат Џани, се договори со одбојкарскиот сојуз на Германија да ја преземе репрезентацијата на оваа земја во следниот три и полгодишен циклус.

46-годишниот Џани, кој на Словенија ѝ донесе бронза на Европското првенство во Софија во 2015 година ќе го замени Витал Хајнен. За цел Џани има да ја одведе Германија на Олимписките игри, а првиот голем испит е Европското првенство во Полска во септември оваа година.

Џани во својата играчка кариера одигра 474 натпревари, трипати стана светски и четири пати европски првак, а на Олимписките игри двапати беше сребрен и еднаш бронзен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top