Никола Рицоли важи за најдобар италијански судија, но членовите на Судиската организација при Фудбалската Федерација во оваа земја немаа попуст за овој арбитар по неколкуте контроверзи на големото дерби меѓу Јувентус и Интер.
„Нероаѕурите“ отворено се жалеа на пропустите на Рицоли и двата недосудени пенали врз Икарди во првото полувреме, а под сомнеж се и суспензиите на Перишиќ и на Икарди, првиот поради црвен картон за приговор, а вториот поради удирање на топка по завршниот свиреж што завршила во непосредна близина на главниот арбитар.
Иако јавно не се обелоденува дека Рицоли е казнет, фактите велат дека тој не беше делегиран за ниту еден натпревар од 24. коло, што на Апенинскиот полуостров се оценува како санкција, која најверојатно ќе биде продолжена и за следната рунда од Серија А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.