
Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам ќе стануваат родители за првпат. Веста ја сподели идната мајка во Instagram претходно оваа недела, со свое селфи по костим за капење, на кое се гледа доста заоблен стомак.
-Многу сум среќна да споделам дека со Џејсон очекуваме бебе. Со многу љубов Роуз – напиша 29-годишниот супермодел над кадарот.

Шпекулации за бременоста на убавицата се појавија уште во почетокот на годината, но гласиините брзо одминаа и остана непотврдена веста досега. Актерот и моделот се верија на крајот на минатата година по 6-годишна врска. Роузи неколкупати изјавила дека сака да создаде семејство со Џејсон, но се двоумеа во кој град да се случи тоа. Во моментов и двајцата живеат во Лос Анџелес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


