| четврток, 6 декември 2018 |

Познати Македонци што имаат близнаци (ФОТО)

И Бијонсе и Амал Клуни во моментов очекуваат близнаци, а многу светски познати личности веќе се родители на близнаци. Анџелина Џоли и Бред Пит, Сара Џесика Паркер и Метју Бродерик, Џенифер Лопез и Марк Ентони се само дел од нив.

„Хитпортал“ направи листа со познатите македонски личности кои се родители на близнаци.

Анкица Стојановска

ankica

Македонската водителка заедно со сопругот Иван ги имаат близнаците Ива и Марко.

Тие во септември наполнија 2 години и се вистинска радост за Анкица и за Иван.

 

Ненад Ѓоргиевски

nenad

Македонскиот водител заедно со сопругата Горана ги имаат близнаците Иво и Љупка.

Првата среќа во семејството Ѓоргиевски во ноември наполни една годинка.

 

Миле Кузмановски

mile

Фолкерот е горд татко на Ана и Јана за кои постојано вели дека се неговиот двигател во животот по смртта на неговата сопруга.

 

Мими Поп-Алексова

mimi

Македонската примабалерина пред 4 години на свет ги донесе Тихомир и Матеј.

Близнаците се плод на долгогодишната љубов со нејзиниот сопруг Дуле.

 

Милица Џаровска

milica

10-годишните Лара и Лука се првата радост за Милица Џаровска и нејзиниот сопруг Игор.

 

Ребека

rebeka

Во семејството Јанковски, 3 и полгодишните Макариј и Доротеј се втората двојна радост.

Ребека и Мики го имаат и 11-годишниот Маркијан.

 

Александар Миќиќ

vesna mikic

На 27 февруари, Ена и Иво ќе наполнат 2 години.

Тие се плод на љубовта помеѓу Александар Миќиќ и харфистката Весна Станојевска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top