ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение обвини граѓански активисти за лицемерие и лажен морал истакнувајќи дека тоа е најдобар показател оти на Македонија ѝ е неопходен процес на десороизација.
– Невработениот студент од платеничката револуција на Сорос, Ивана Туфекџиќ, донирала 118.000 денари за СДСМ. Овие пари во вредност од 40 просечни студентски стипендии, невработениот студент Туфекџиќ реши да ги донира на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Толку од лицемерниот граѓански активизам. Соросoвите плати, невладиниот Павле Богоевски во четири наврати ги донирал на сметка на СДСМ. Вкупно 184.000 денари, наведува во соопштение ВМРО-ДПМНЕ.
Додава дека Туфекџиќ и Богоевски биле „типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ/Сорос и зборуваат за борба против криминалот, а поддржувале партија што го измислила и промовирала организираниот криминал“.
– Туфекџиќ и Богоевски наводно се грижат за граѓаните, а донираа илјадници евра на партијата која се залага за виткање на кичмата, избрка од работа 200.000 граѓани и затвори речиси 700 фабрики, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Влада на РМ: Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата