| четврток, 6 декември 2018 |

Хаос во Парламентот на ЈАР

Триесетина припадници на обезбедувањето на парламентот ги исфрлија опозициските пратеници од партијата на радикалната левица. Говорот за состојбата на нацијата на јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, кој е под притисок на опозицијата која го повикува да отстапи од должноста, предизвика во четвртокот општ метеж во парламентот по исфрлањето на пратениците кои се обидоа да го спречат говорот на шефот на државата. Триесетина припадници на обезбедувањето на парламентот ги исфрлија опозициските пратеници од партијата на радикалната левица Борци за економска слобода (EEF). Тие цел час ги попречуваа обраќањето на претседателот на земјата Џејкоб Зума.

Џулиус Малема

Џулиус Малема

„Пред нас седи непоправлив човек, расипан до сржта“, изјави челникот на EFF, Џулиус Малема алудирајќи на претседателот Зума. Во март минатата 2016 година судот утврди дека шефот на државата го прекршил уставот кога министерството за финансии му го платило реновирањето на неговата приватна резиденција во Ква Зулу ­Натал, на истокот од Јужноафриканската Република. Од тогаш Зума врати само незначителен дел од вкупната сума.

2098

По кавгата во парламентот, на работ на тешка физичка пресмета, пратениците на главната опозициска партија Демократски сојуз, во знак на протест го напуштија парламентот. Сега во 75­та година од животот, Џејкоб Зума има пет сопруги. Тој ѝ припаѓа на Зулу заедницата во чијашто култура мажите често во својата поодмината возраст се женат за уште една жена, најчесто помлада и поагилна сестра на една од повозрасните сопруги. Во оваа култура одговорноста за грижата за мажот во неговите старечки денови паѓа на последната сопруга, којашто обично е помлада од другите жени и поподвижна во евентуален итен случај. Зума има дваесетина деца и се женеше шест пати. Сите негови сегашни сопруги живеат на сметка на државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top