Мечот траеше еден час и 50 минути, а шампионката од 2008-та година покажа две лица. Во првиот сет, погодуваше од сите позиции, а по нејзиниот добар стар обичај имаше пад во вториот, по што противничката знаеше тоа да го искористи и внесе неизвесност во мечот.
Сепак, откако на стартот на третиот одлучувачки сет спаси брејк топка, Ана повторно заигра одлично и брзо стекна предност од 5:0, но повторно мораше да се намачи до конечен триумф искористувајќи ја дури петтата меч топка.
Ивановиќ во второто коло ќе се сретне против победничката од дуелот Матилда Јохансон од Франција Шанел Шеперс од Јужна Африка.
Ролан Гарос се игра за награден фонд од 22 милиони евра.
Цетковска (Чеш)-Пучкова (Рус) 2:0 (6:0, 6:2)
Пављученкова (Рус)-Хлавацкова 2:1 (4:6, 7:6, 6:4)
Рус (Хол)-Ерани (Ита) 0:2 (1:6, 2:6)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.