| четврток, 6 декември 2018 |

Костов: Ова е почеток на крајот на Катица Јанева бидејќи се закачи со народот на Македонија (ВИДЕО)

Катица Јанева е фан на принципот на Фајрабонд- Се поминува. Е ама денес се виде дека не поминува се кога е во прашање народот, обичниот граѓанин, истакна политичкиот аналитичар Сотир Костов.

-Таа помина неколку пати во Советот на јавни обвинители, помина во Парламентот – ја избраа, поминува кај политичарите како Зоран Заев, се закача со раководството на ВМРО-ДПМНЕ и поминува сега засега, ги обвинува без докази или ги истражува итн… Но, има една работа одамна позната, секој што се фатил со народот во клинч без потреба- губи, додаде Костов во гостувањето во вестите на ТВ Нова.

Според Костов, денеска Катица не го допре дното туку го проби, бидејќи, како што рече, без потреба се закачи со народот.

-Минимум 200 луѓе од Охрид ја финансирале ВМРО-ДПМНЕ. Ако земеме колку општини има во Македонија, колку села, колку ограноци има ВМРО-ДПМНЕ, па Јанева не знае, не е свесна дека докажува оти ВМРО-ДПМНЕ е најлегитимно, најзаконски финансирано од членови и симпатизери. Не видов некој да одрекна дека не дал пари… Ова е почеток на крајот на Катица Јанева бидејќи се закачи со мирниот, недолжен и достоинствен народ на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top