Нашата собирна точка треба да се прекомпонира од националното кон државното и националното да се врзе за државното, изјави академик Митко Маџунков во гостувањето во вестите на ТВ Нова.
„Тоа е една многу сериозна работа, каде што се направени големи пропусти со текот на времето и со уставите, со амандманите особено, десет години подоцна од првиот устав итн., кога де факто Македонија е направена како некое претпријатие, секој може тука да си прави што си сака. Иако националното мора да се врзе за државното. Не можете вие во Америка ако имате американски пасош да кажете дека сте Јапонец. Вие сте Јапонец за себе, а инаку во структурата на самата држава вие сте Американец. Така е и во Франција, така е на сите места, целиот запад е така устроен“, рече Маџунков.
За албанската платформа, Маџунков изјави дека на неа гледа како на диверзија, а на прашањето зошто МАНУ ретко излегува со став во јавноста, тој вели дека МАНУ како сериозна институција не може да реагира на сите моментални случувања.
„МАНУ е една сериозна и традиционална организација која не може да реагира ад-хок на сѐ што се случува, но кога ќе дојде до заострување, кога државата е во прашање, како што сега гледаме дека е, тогаш навистина мора да се реагира, вели Маџунков“, вели академик Маџунков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)