Генералниот секретар на Беса, Африм Гаши, изјави по средбата дека ЕУ преку еврокомесарот Јоханес Хан е тука да ни помогне што за да излеземе од кризата. Тој додаде дека Хан ги охрабрува како политички партии да почнат да преговараат и да најдат решение. Гаши соопшти дека Беса е подготвена да даде потписи со цел Заев да го добие мандатот, но ако дојде до формирање на Влада тие секако ќе преговараат за да одлучат дали ќе бидат дел од таа Влада или не.
-Формирањето влада е друг процес и ќе преговараме. Ако нешто во тие договори е во спротивност со нашите принципи, ние нема да бидеме дел од таа влада.
Барањата на Беса се недвосмислени, тие настојуваат да се изврши редефинирање на државата, федерализација и кантонизација по швајцарскиот принцип, она што го промовираше и Заев во својата изборна кампања.
Засега Заев и СДСМ не се изјаснија дали ја прифаќаат албанската платформа договорена во Тирана и потпишана во Приштина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)