| четврток, 6 декември 2018 |

Силјановска до политичарите: Закон над законите е Уставот, патриотски е тој да се почитува

Закон над законите е Уставот, патриотски е тој да се почитува, смета професорката од Правниот факултет Гордана Силјановска.

– Вие може, ако сакате, ако вие мила само власта, за се да се согласите. Меѓутоа, ќе ги изгубите следните избори или ќе ги шокирате гласачите. Тие ќе речат па ние не ви дадовме мандат за ова за што вие разговарате и преговарате, бидејќи мандатот се добива на избори со програмата којашто била презентирана, а не post festum и не врз основа на дискрециони права. Значи, во рамките на уставната рамка, оти владеење на правото значи дека прво ќе си признаете дека lex superior – закон над законите е Уставот и ќе бидете патриот во неговото реализирање. Се друго следи, констатира пофесорката Силјановска во вчерашното гостување во „Топ тема“.

gordana siljanovska

Професорката Силјановска, зборуваше за политичката криза во земјава и за апсурдноста на барањата во Платформата на албанските партии:

-Петте барања имале статус на заклетви, а кога ќе се искористи термин заклетва, проблемот станува сериозен! Тоа звучи некако религиозно, оти кај што има заклетва, има и заповед. Таму многу тешко можете да отстапите од нешто што сте го промовирале во заклетва. Во дијалог не може да има заклетва. Резултатот од дијалогот не е познат однапред, туку е резултат на креативна аргументација и затоа уште во стартот треба да се влезе со добра волја, ама и со решеност дека ништо не е нерешливо и ништо не може да има статус на заклетва.

Професорката потсети и на Охридскиот договор, кој толку многу беше спомнуван од албанските политички партии кои со полни усти зборуваа за неговвата реализација, а подоцна и за неговот надградување.  За сега наеднаш да излезат со барања кои всушност никаде ги нема во тој Охридски договор.

Она што мислам дека не се чита или не се сака да се чита од Охридскиот договор, се всушност воведните одредби. Целта на Охридскиот договор не е етнократија, бидејќи етнократијата не е модел на демократија, туку мирен и хармноничен развој на граѓанско општество се разбира со почитување на правата на сите припадници на заедниците. Не знам дали е на линија, дали се на линија многу од овие предлози?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top