| четврток, 6 декември 2018 |

Вардан Тозија со најдобар филм во Југоисточна Европа

Филмот „Човекот кој имаше чудна навика да ме удира со чадор по глава”, во режија на Вардан Тозија  ја освои  наградата за најдобар краток филм на третото издание на филмскиот фестивал на Југо-Источна Европа .

По четири дена интензивни проекции на филмови од сите 12 SEE земји, на церемонијата на затворањето присуствуваа претставници на француските медиуми, претставници на Амбасадите на SEE земјите, а самиот фестивал во текот на четирите дена, предизвика голем интерес кај француската публика.

Според жирито сочинето од Ив Буасе – Претседател на жирито, Емануел Галабру – актерка, Саша Голдман – продуцент, Хазис Вардар – Директор на Театарот Ду Палас и Зоран Живковиќ – Директор на Монтенегро филм фестивалот во херцег Нови, останатите награди за најдобри филмски остварувања во Југо-Источна Европа за 2013 година се:

– Најдобар филм: “Шангај Џипис” (СЛ)

– Најдобар режисер: “Чемил Агачикоглу” (ТР), за филмот “Септември”

– Најдобро сценарио: “Роберт Будина” (АЛ-ГР-РО), за филмот “Изгрејсонце”

– Најдобра актерка: “Ана Кариќ” (ХР), за филмот “Ноќни бродови”

– Најдобар актер: “Бранимир Поповиќ” (ЦГ), за филмот “Ас пик – Лоша судбина”

– Најдобра музика: “Саша Лошиќ” (СЛ), за филмот “Шангај Џипси”

– Најдобар анимиран филм: “Кијамет” (БИХ), на авторот Иван Рамадан

– Специјална награда на жирито (ex-ecco), за кратките филмови:

“Снег” (КО), на Фисник Муји и “Дома” (СР), на Ненад Микалачки.

„Човекот кој имаше чудна навика да ме удира со чадор по глава” е во режија на Вардан Тозија и во продукција на Наше Маало, а поддржан од Филмскиот фонд на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top