| четврток, 6 декември 2018 |

Краткиот филм „Допир“ на фестивал во Швајцарија

Краткиот игран филм „Допир“ на режисерот Стојан Вујичиќ во продукција на „Лунар“ ќе биде премиерно прикажан на Швајцарскиот филмски фестивал (Switzerland International Film Festival) во официјалната натпреварувачка селекција за кратки филмови.

„Допир“ е приказна за 10-годишно аутистично дете Алек, кое  исчезнува од видокругот на неговите родители за време на еден семеен ден во паркот…

Филмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм на Република Македонија.  Главната улога ја толкува младиот Кристијан Пауер, а учествуваат и Дејан Лилиќ и Несрин Таир.

Филмот се снимаше минатата година во Скопје. Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимографијата на Раде Василев, продуцент на филмот е Огнен Антов.

Режисерот Стојан Вујичиќ сега го подготвува својот дебитантски игран филм насловен „Стела“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top