| четврток, 6 декември 2018 |

Тригодишно девојче паднало под воз на перон, спасено во последен момент! (Видео)

3-годишно девојче за малку ќе загинело на перон на железничка станица во Кина, кога, додека се приближувало до вагонот на возот, паднало во процепот помеѓу вагонот и перонот.

Патниците на железничката станица во градот Ксининг во Кина го спасиле девојчето од сигурна смрт. Имено, девојчето прво одело директно кон вагонот, и паднало во процепот меѓу вагонот и перонот. Возот бил во транзит, и само брзата реакција на патниците спречила трагедија.

Целиот настан го снимила надзорната камера на перонот. Девојчето наводно сакало да погледне преку прозорот на вагонот, но се лизнало и паднало.

Патниците веднаш притрчале во помош, а еден од службениците му сигнализирал на машиновозачот да не тргнува. Детето било извлечено и вратено кај својата мајка, која веднаш забележала дека нејзината ќерка паднала во процепот.

Службеникот од станицата, Јин Чангаи, смета дека девојчето имало многу среќа.

-Децата многу лесно може да паднат во тој процеп. Да не била забележана од патниците, резултатот ќе беше незамислив, заклучил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top