| четврток, 6 декември 2018 |

СЈО го презема случајот „Кенеди“

Специјалното јавно обвинителство од американската разузнавачка агенција ЦИА ја побарала документацијата за убиството на американскиот претседател Џон Кенеди. Според Јанева, СЈО има основано сомнение дека убиецот Ли Харви Освалд имал членска книшка од ВМРО.

Според информациите во медиумите во Америка, Јанева застанала пред вратата на авионот што слетал на аеродромот во Вирџинија и свикала „отвори, отвори“. Потоа се упатила кон излезот од аеродромот каде што на вратата на фотоќелија, исто така, ѝ заповедала да се отвори при што таа се отворила и Јанева свикала прес-конференција за да посведочат сите за големото чудо, моќ и авторитет што ги демонстрирала во Америка.

„Отвори, отвори“ му било наредено и на таксистот, кој чекал патници на аеродромот, еднаш за вратата за да влезе големата обвинителка, а еднаш за багажот во кој Јанева го сместила празниот куфер во кој планира да ги понесе документите што ќе ги земе од ЦИА.

Пред влезот на ЦИА, Јанева даде уште една кратка изјава:

– Дојдов тука, значи, во Америка во, значи, ЦИА за да ги видиме и земеме доказите што ќе ни ги дадат бидејќи значи врз основа на тоа што го чувме во разговорите, значи, се сомневаме дека ВМРО го убиле Кенеди, значи, и тоа треба да се дознае – рече Јанева.

– Во еден од разговорите што баш вчера ги добивме од таен извор се слуша како зборуваат двајца функционери на ВМРО и му вели значи едниот на другиот… или не… не, не, му вели другиот на овој едниот дека, значи, оваа специјалкава, значи ,која сум јас, уствари, му вели на едниот дека таа, значи, јас, значи, за сè сум ги обвинувала ВМРО и дека ќе излезе дека тие го отепале и Кенеди, значиии… и ете ме врз основ на тоа тука да истражам што се уствари случило бидејќи во тајните разговори има докази за тоа, ете ви ги кажав, само да го потврдиме тоа – додаде.

Таа изјави дека се надева на бомбардирање на седиштето на ВМРО и на поделба на Македонија за казна и за инат на ВМРО, ако се докаже дека ВМРО го убиле Кенеди.

– Значи нашата цел е тука да видиме дали, значи, Ли Харви Освалд имал книшка од ВМРО, дали плаќал редовно членарина, односно да докажеме дека ВМРО го убиле Кенеди, пошто иначе значи кој друг би можел да го убие ако не ВМРО? – реторички прашува Јанева.

– Ако се докаже дека Освалд е вмровец, а тоа може да се докаже и без да ја најдеме членската пошто можда не ја носел со себе кога пукал, значи, очекувам Америка да ја бомбардира Македонија, односно не Македонија туку ВМРО, значи, а мене и Заев да нѐ круниса во фараони како Клеопатра и Цезар бидејќи ја откривме вистината. Како ќе докажеме? Видете… ВМРО го отепа ли кралот Александар Караџорџевиќ? Го отепааа. Епа? Мора да се тие, нема кој друг“.

На прашањето кој сѐ уште прислушува, бидејќи добила нови разговори од власта, Катица рече:

– Епа сеа сигурно власта прислушува, самата себе се слуша можда за да не забораве, значи, што си зборат, од кај да знам“.

Не сакаше да го открие свиркачот што ѝ ги дал новите материјали бидејќи ќе ѝ се налутеле италијанскиот амбасадор и Верушевски.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top