| четврток, 6 декември 2018 |

Селото немаше црква, па тој со голи раце ја направи од снег (видео)

Сибирското село Сосновка немаше црква се додека оваа зима еден Русин не ја направи од снег.

За градење на објектот му биле потребни 12 кубни метри снег.

Александер Батјотин ја градел црквата цели два месеца, а работел дури и кога температурата биле минус 30 степени.

Вели дека не било тешко да се изгради црквата, но повеќе труд бил потребен за обликување на олтарот, и за крстот на покривот.

Жителите додаваат дека оваа црква многу им значи „иако е привремена“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top