Најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо со своето однесување ги иритира навивачите, но и противничките играчи, но тоа шо никој не може да му го оспори е добрината и каратерот.
Многу пати досега прв се јавувал за да помогне во рази добротворни акции, прати пари во Сирија и Палестина, посетуваше болни во болница …
Сепак сега Роналдо воодушеви така што спаси прифатилиште за животни во Португалија. Како што јавуваат новинарите, за раководството на ова прифатилиште трошоците биле едноставно големи, а животните, повеќето кучиња, би останале на улица.
Роналдо веднаш пратил свој дрес со потпис, кој ќе биде ставен на аукција.
– Сакам да се заблагодарам од срце. Тоа што го направи ќе не спаси нас и сите животни кои ги имаме. Тоа е скромен гест, а на нас ни значи многу, изјавила Лилиана Санотш, сопственичка на прифатилиштето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.