Дојдовме овде пред полицијата, сите со покани, двесте луѓе од градов, малтретирани вчера и бркани по улициве, за сведоци, а да не знаеме зошто. Кој е гревот наш, што си ја сакаме партијата, и сакаме да и помагаме. Сум и помагал на партијата цел живот. И на што личи ова овде?, изјави на протестот вои Охрид претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Љубен Арнаудов .
– Тие доаѓаат нас овде не испитуваат зошто сме дале 1.000 денари донација за партијата. Не е во ред. Нека се насочат на проблемите, нека се насочат на оние криминални зделки кои ги правеле, евро за мене, евро за брат ми. Што е ова, на ништо не личи. Па ние не сме будали луѓе овде. Се собравме сите, ќе дадеме отпор и ова нема да го дозволиме вака, да хараат како сакаат. Не е ова фашизам. Нас не обвинуваат за ништо, а тие тоа нешто го прават. Не може веќе вака. Ние сме сите организирани и заедно ќе влеземе овде. Сите ги имаме овие покани. Зошто е вака? Стварно не ми е јасно мене. Ние овдека сме како сведоци, но вчера бевме гонети како да сме обвинети. И стварно цела фамилија дома ми е уплашена. Јас вчера во Скопје, мајка ми ме чека „синко што имате направено“. Не е во ред, луѓето се стресени, сите овде ни се роднини пријатели кои ни даваат поддршка. И ние ќе се бориме за правдината. Нема да дозволиме вакви замајувања. Ако сакаат да направат деструкција на ВМРО, на грешен пат се. ВМРО многу потешки времиња издржало. Нема да ја дадеме партијата. Партијата сме ние, милион пати сме донирале, милион пати од 91 година до сега. Тие си имаат свои пари, јас си имам мои. Си имам убава плата, зошто да не дадам за партијата, па и партијата ни дала. Еве тука сме, заедно ќе влеземе, да се разбереме со нив. И овде ќе седиме десет ден. И да видиме правно ако тие на сила одат, ќе дадеме , колективна тужба. Не малтретираат. Не може за оваа работа да ни демонстрираат сила. Ќе стоиме и утре и задутре до кога ќе треба. Ние уште не сме влезени таму, но донација е чиста правна работа, легална и имаме право на донација. И пак ќе даваме – рече Арнаудов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид ќе поведе дисциплинска постапка против членовите Љубен Арнаудов и Сашо Василески
-
Судот ги одби гаранциите на Мукоски и Арнаудов да се бранат од слобода
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми