| четврток, 6 декември 2018 |

Снежно ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно

В сабота, на 11 февраури ќе се одржи „Снежно ноќно искачување до Милениумскиот крст на Водно”. Патеката е долга пет километри и се пешачи околу два часа.

Стартно и собирно место е пред Основното училиште „Кочо Рацин” во 17.30 часот. Ако има заинтересирани што сакаат да тргнат од средно Водно, збирно место е Кај фонтаната во 18.00 часот.

Организаторот препорачува соодветни зимски чевли за пешачење, фенерче, топла облека, ракавици, шал и капа, резервна маица, вода, овошје и храна по избор, ранец, фотоапарат. Искачувањето е на сопствена одговорност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top