В сабота, 11 февруари, со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе има изведба на популарната opera buffo, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини.
Диригент e Ѓурѓица Дашиќ, a режисер е Урсула Хорнер (Австрија). Сценограф на операта е Марија Ветероска, а костимограф Марија Пупучевска.
Изведувачката екипа ја сочинуваат и неколку гости: Фигаро: Маријан Јованоски, Розина: Јелена Кончар (Србија), Гроф Алмавива: Кристијан Колиа (Италија), Дон Базилио: Делјан Славов (Бугарија), Дон Бартоло: Невен Силјановски, Берта: Злата Тошевска, Фиорело: Кристијан Антовски, Амброзио: Саша Смилевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.