Со цел да го искажат своето негодување околу политичкото и непрофесионално делување на Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство, денеска во Охрид се собраа голем број на граѓани.
Тие коментираат дека се повикуваат обични луѓе и им се вршат притисоци заради тоа што донирале по 1.000 денари, а од друга страна се аболицираат криминалци како Зоран Заев и Зоран Верушевски.
Според нив, единствената причина зошто се тие повикани е заради тоа што се членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ.
Нивното заплашување тие го толкуваат како притисок врз партијата за да потклекне и за да се согласи на недолични компромиси за најважните национални прашања како проблемот на Грција со името, промената на Уставот и воведување на двојазичност на целата територија.
Правни експерти коментираат дека нема никаква правна логика во ваквиот акт на СЈО, одеднаш да бидат повикани 200 лица.
Единствената логика е да се направи медиумски спектакл и да се изврши политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Затоа најсоодветен израз за ваквите дејствија на СЈО, според нив е дискриминација врз политичка основа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)