Екипата на Тетекс ќе го игра второто клубско финале, а воедно ќе се обиде и по втор пат да го освои трофејот на ФФМ, откако „текстилците’’ во финалето пред три години со 2:1 го совладаа Работнички.
И за Шкендија ова ќе биде второ финале, по она во сезоната 2006-2007 кога беше поразена од Македонија Ѓорче Петров.
Во досегашните 20 финални натпревари најуспешен беше тимот на Вардар кој освои 5 титули.
Почетокот на натпреварот меѓу Тетекс и Шкендија е во 20 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.