| четврток, 6 декември 2018 |

Република најави, а медиумите под контрола на СДСМ и СОРОС потврдија: СЈО тргнува во политичка пресметка по наредба на Заев

Како што Република најави минатата недела, СЈО тргна во спектакл повторно да го оцрни ВМРО-ДПМНЕ, за а може да преку медиумите на СДСМ/ СОРОС да се намали притисокот врз Заев за нереализирање на сценариото.

„Зоран Заев беше убеден дека со помош на невладините организации под контрола на Сорос и со помош на чадорот ќе победи на изборите. Веројатно во тоа беа убедени и неговите сателити. Катица Јанева се активира дури откако се увери дека народот не верува во шарените лаги на Заев, а есапот не е ист дома и на пазар. СДСМ загуби на изборите, но Заев доби аболиција од Катица Јанева, која се откажа од случајот „Пуч“. Сценариото не се реализира и сега расте паниката кај режисерите. Сосема е очекувано да почнат да работат амбасадорските линии и црвениот телефон на „Бихаќка“ со нови нарачки кои треба да се одработат од СЈО“- објави Република пред три дена.

telma

Денеска медиумите на СДСМ-СОРОС ја потврдуваат политичката пресметка во која тргна СЈО по нарачка на Заев. Така, Телма, Плусинфо, Либертас и другите контролирани медиуми јавуваат од „извори во СЈО“  дека е започната истрага на СЈО за донаторите на ВМРО-ДПМНЕ.

plusinfo

-Специјалното Јавно обвинителство вчера испратило покани за распит на повеќ од 200 лица од Охрид- пренесе Либертас и додава дека биле поканети вработени во СВР Охрид кои биле на раководни функции, подрачни единици на миниситерствата и други државни институции кои функционираат во Охрид. Покани за распит примиле и други јавно истакнати партиски функлционери на ВМРО ДПМНЕ кои никогаш не биле на извршни функции, додав Либертас.

libertas

Република објави дека во СЈО се повикуваат функционери, но и 1000 до 1500 членови, како и дека главна цел на СЈО ќе биде конструирање на предметите поврзани со изборите 2014 година и фабрикување на нов кој би се однесувал на финансирањето на партијата.

Дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои досега биле повикани, потврдуваат дека обвинителите и истражителите од СЈО се служеле со истите методи и техники. Лажно ги обвинувале дека знаеле дека тие не донирале за сопствената партија, блефирале дека наводно имале снимки од банките со кои се потврдувало дека тие не ги уплатиле парите обидувајќи се да ги заплашат дека криминал било и ако некому му дале пари да уплати како донација за партијата. Следувале и стандардните закани дека ќе одат во притвор ако не кажеле кој им ги дал парите, пренесе Република во текстот „На Заев му треба помош, СЈО се мобилизира“ пред три дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top