| четврток, 6 декември 2018 |

Нејмар ќе ја засилува Барселона

Брзоногиот напаѓач во понеделик ќе го потпише понудениот договор кој го обврзува да остане на "Ноу Камп" до 2018 година

neimar

Од продажбата на Нејмар, Сантош ќе заработи околу 28 мил. евра, а репрезентативецот на Бразил во новиот клуб ќе има годишна плата од 7 мил. евра.
„Не можам да чекам до понеделник за да ја откријам одлуката, моите пријатели и членовите на семејството веќе знаат што решив.
Во понеделник ќе го ставам својот потпис на договорот со Барселона. Сакам да им се заблагодарам на сите во Сантош за се што сторија за мене во изминатите години. Искрено се надевам дека ќе добијам шанса најмалку уште еднаш да го облечам дресот на овој тим“, напиша Нејмар на неговиот официјален профил на познатата социјална мрежа Твитер.
Сензационалниот трансфер преку официјално соопштение го потврди и новиот шампион на Шпанија.
„Договорени се сите детали со Сантош, како и личните услови со самиот фудбалер. Така, сега веќе можеме да кажеме дека ќе потпишеме петгодишен договор со Нејмар.
Горди сме бидејќи успеавме да го ангажираме еден од најталентираните млади фудбалери во светот, кој сигурно ќе го направи нашиот тим многу посилен во следните сезони“се вели во соопштението на Барселона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top