| четврток, 6 декември 2018 |

На 93 години почина мажот со 130 жени и 203 деца

Поранешниот исламски проповедник Мохамед Бело Абубакар, најпознат како Баба Maсабa, почина на 93 години во својот дом во Нигерија по кратко боледување. Се верува дека имал најмалку 86 сопруги, а на погребот во неделата имало неколку илјади луѓе.

Според локалните медимуи, тој немал само 86, туку најмалку 130 жени и дека некои од нив во моментот очекуваат негово дете. Баба Maсабa имал 203 деца.

Во интервју за „Би-Би-Си“ во 2008 година, тој рекол дека не ги бара жените, туку тие самите доаѓаат кај него.

– Јас не ги барам, тие доаѓаат кај мене. Јас гледам на тоа како Бог да ме побара и сака да го правам токму ова, со сите нив да се оженам – изјавил тој тогаш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top