| четврток, 6 декември 2018 |

Оскар во Кина ги дрибла сите, па дури и судијата! (видео)

oskar

Оскар шокираше добар дел од светската спортска јавност со совјата одлука кариерата да ја продолжи во фудбалското првенство во Кина, но дека на бразилскиот фудбалер воопшто не му смета тоа што добар дел од критичарите го осудија дека замина во Азија само за пари најдобро ни говори комичната објава која ја има на својот Твитер профил.

И покрај тоа што кинеските клубови во изминативе 12 месеци успеаја да привлечат голем број на ѕвезди, повеќе од јасно е дека оваа лига не е ниту приближно квалитетна како оние најсилните во Европа, а иако тоа може да се забележи од објавата на Оскар во која се гледа како си поигрува со противниците, сепак видеото е посебно актуелно поради нешто друго.

Оскар си поигруваше со двајца противници крај аут линијата, но од неговите дриблинзи му се заврте во глава и на помошниот судија кој се лизна и имаше комиче пад обидувајќи се да го следи Бразилецот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top