Жозе Мурињо се враќа во премиерлигашот Челси, пишува англискиот весник „Дејли Стар“. Рускиот магнат Роман Абрамович и Мурињо од поодамна ги надминаа недоразбирањата поради кои се разделија во 2007 година.
Тренерот на Реал Мадрид постојано комуницира со своите поранешни фудбалери, како Џон Тери, Френк Лампард, Ешли Кол, Петр Чех, но според весникот „Дејли Стар“ тој е во постојан контакт и со Роман Абрамович.
Тоа е само уште една индикација дека Мурињо би можел да се врати на кормилото на Челси во летниот преоден рок.
Лани во ноември 16-годишната ќерка на Мурињо се запиша на „Камбервил Колџ оф Артс“ кој се наоѓа блиску до тренинг-комплексот на Челси, а минатата година Мурињо исто така купи куќа блиску до Стемфорд Бриџ.
Португалецот има тешка сезона во Реал Мадрид, резултатите се под очекувањата, притисокот е голем, така што се почести се шпекулациите дека тој може да си замине од Сантијаго Бернабеу. Тоа е желба и на голем дел од навивачите на Реал Мадрид, кои тешко се помируваат со големото заостанување зад Барселона.
Од друга страна и Рафа Бенитез не импресионира во Челси, резултатите на „сините“ под негово водство се променливи, па тешко дека ќе му биде понуден нов договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)
-
Модриќ: Гризман ја заслужува „Златната топка“


