| четврток, 6 декември 2018 |

Најстарото училиште во општина Аеродром ќе добие целосно нов објект (Видео)

Најстарото основно училиште во општина Аеродром „Димитар Македонски“, ќе добие целосно нов објект. Досега ова училиште беше сместено во монтажен објект подигнат уште во далечната 1964 година.

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, соопшти дека веќе е објавен тендер за изградба на целосно нов објект и се очекува наскоро да биде избран изведувачот.

– МОН согласно процедурите до 28 февруари ќе очекува понуди, во однос на изградбата на ова училиште, чија што проценета вредност е 1,2 милиони евра кое што е од исклучително значење за граѓаните на населба Лисиче. Станува збор за комплетно нов модерен училишен објект со што старите училишни бараки ќе заминат во историјата, а граѓаните на населба Лисиче ќе го добијат она што навистина го заслужуваат, истакна Ристовски.

spiro-i-konevski-640x427

Тој посочи дека согласно процедурите се очекува на почеток на месец мај да започнат сите градежни активности и за околу година и пол овој училишен објект да биде комплетно завршен.

Градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски, истакна дека изградбата на нов објект на местото на ова училиште е од витално значење за основците од населба Лисиче, кои по неколку децении ќе добијат училиште од цврста градба.

uciliste-a-640x427

Коневски посочи дека новото училиште ќе ги задоволи сите неопхопдни услови за современа и непречена настава.

Објектот ќе биде со површина од 2.840 квадратни метри, за 700 ученици, односно по 350 во една смена. Според планот се очекува од септември 2018 година учениците да посетуваат настава во нов објект.

Ова е второ ново училиште во Општина Аеродром, по изградбата на ОУ „Александар Македонски“ во Реонски центар пред три години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top