Луис Суарез доста наивно доби два жолти картони во периодот од 87-та до 90-та минута, а покрај тоа што ги остави своите соиграчи на цедило во последните 5 минути од судиското продолжение, Суарез поради непромислениот потег остана и без финалето во Копа дел Реј во кое за Барселона ќе добие еден противник од возвратниот дуел меѓу Селта Виго и Алавес.
Суарез доста тешко го прифати исклучувањето и одби да се упати кон соблекувалната за да го догледа мечот од скалите кои водат кон тунелот, а ако веќе беше пренесено дека за ваквиот потег го чека дополнителна казна, сега меѓу каталонските медиуми посебен хит стана една реакција на Меси.
Уругваецот се врати на теренот за да се поздрави со своите соиграчи за пласманот во финалето, но во прв план се најде реакцијата на Меси кој со поглед и климање со главата јасно му покажа на Суарез што мисли за неговото наивно исклучување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)